ЗАБОРАВЕТЕ НА СКАПОЦЕНАТА ХРАНА! Принцезата Дијана јадеше од конзерва: Кралскиот готвач откри каков квалитет пропуштате!

16 јануари, 2021
Screenshot_2

Принцезата Дијана е омилена и најпозната членка на кралското семејство за која се пишува повеќе од две децении по нејзината смрт. Секоја информација за нејзиниот живот е скапоцен камен за јавноста која ја обожаваше.

Научивме нов интересен детал за нејзиниот приватен живот од нејзиниот поранешен личен готвач Дарен МекГрејди кој на својот YouTube канал откри дека принцезата секое утро јадела конзерва варен грав за појадок.

„Јас порано готвев грав за појадок во Бакингемската палата. Принцезата Дијана го обожаваше. Всушност, таа би јадела цела конзерва грав за појадок. Звучи лудо, но на втора мисла, гравот традиционално варен на англиски начин содржи само седум грама шеќер. Богат е со протеини и растителни влакна и има многу малку маснотии. Како таков, тој беше совршен за Дијана, рече готвачот кој еднаш откри дека Дијана е многу лош готвач. Тој редовно објавува детали од животот на кралското семејство на својот канал. Дијана страдала и од булимија, поради што нејзините навики во исхраната биле сериозно загрозени.