Здравје во една шолја: Кафето е СПАС ОД ОВИЕ БОЛЕСТИ!

10 јули, 2021
Screenshot 2021-07-10 135754

Ново научно истражување од Велика Британија откри дека конзумирањето кафе го намалува ризикот од хронични заболувања на црниот дроб и други болести поврзани со овој орган.

Студијата, објавена на 22 јуни во списанието „BMC Public Health“, пишува дека луѓето кои редовно пијат кафе имаат 21% помал ризик од развој на заболувања на црниот дроб и дури 49% помал ризик од смрт од истите болести.

Здравствените придобивки од пиењето кафе се зголемуваат со зголемување на дневната доза на овој пијалок, но не над четири чаши. Исто така, забележано е дека позитивните ефекти од конзумирањето кафе се поголеми кај луѓето кои пијат пијалоци од мелено кафе во споредба со оние кои купуваат инстант кафе.

Истражувачите сè уште не можат да го објаснат корисниот ефект на кафето врз здравјето на црниот дроб, но тие веруваат дека тоа има врска со антиинфламаторните и антифиброзните својства на овој пијалок. Во нивната студија учествувале 495.585 илјади луѓе, чие здравје било следено во период од 10 години.

Д-р Џозеф Лим, еден од авторите на студијата и професор на Медицинскиот факултет на универзитетот Јеил, вели дека би било добра идеја да се започне со промовирање на идејата дека кафето е ефтин и достапен начин за намалување на ризикот од заболувања на црниот дроб.

Се надеваме дека повеќе луѓе ќе слушнат за ова откритие, што може да спаси животи. Од друга страна, никој не треба да нè охрабрува да пиеме повеќе кафе, и не се сомневаме дека меќу вас има зависници од овој пијалок.