6 симптоми кои укажуваат на појава на тромб по вакцинирање против корона

14 април, 2021
симптоми кои показуваат појава на тромб

Несакани ефекти кои се јавуваат два или три дена по вакцинирањето се очекувани и чести. Повеќето од нив се благи и имаат локален карактер, па затоа не им е потребна лекарска помош, пишуваат медиумите.

Згрутчување на крвта придружено со мал број на тромбоцити може да се појави четири до 20 дена по вакцинацијата.

Можноста за нарушувања на коагулацијата на крвта како можен несакан ефект е исклучително мала, но луѓето треба да бидат свесни за можните симптоми со цел да ги препознаат и да побараат итна медицинска помош што ќе овозможи навремено лекување и намалување на ризикот од развој на компликации.

Вакцинираните лица треба да побараат итна медицинска помош без да чекаат ако ги забележат следниве симптоми:

  • краткотраен здив (отежнато дишење)
  • болка во градите
  • оток на нозете
  • продолжена болка во стомакот
  • невролошки симптоми, како што се силна и продолжена главоболка или заматен вид
  • знаци на минимални подливи (модринки) на кожата далеку од местото на вакцината.