Анксиозноста е новиот синдром поврзан со ковид-19

25 април, 2021
s-b-vonlanthen-135ys6lOTOM-unsplash-1024x576

Научниците се загрижени за можноста дека анксиозноста предизвикана од панемијата на може да доведе некои луѓе да создадат присилни хигиенски навики кои би можеле да ги спречат повторно да се интегрираат во надворешниот свет, и покрај намалувањето на хоспитализациите и смртните случаи предизвикани од ковид.

Концептот на „синдром на ковид анксиозност“ првпат беше теоретизиран од Ана Никчевиќ од Универзитетот Кингстон и Маркантонио Спада од Универзитетот Саут Банк во Лондон, кога забележаа дека луѓето развиваат голем број карактеристики како одговор на пандемијата. Овие карактеристики вклучуваат насилно проверување на присуство на симптоми на инфекција, избегнување јавни места и опсесивно чистење, пишува Гардијан.

Но, сега тие веруваат дека феномени како што се избегнување на какви било закани, страв од користење јавен превоз или неколкучасовно чистење на домот, нема лесно да се смират дури ни кога ковидот ќе биде под контрола.

„Стравот е нормален. Ние треба да се плашиме од вирусот затоа што е опасен. Сепак, разликата во однос на развивање психопатолошки одговор е дали се однесувате на прекумерно безбедни начини што ве заклучуваат во страв. Очекувам дека ќе имаме делови од населението кои ќе избегнуваат повторно друштвено ангажирање и постојано ќе се загрижени за вирусот во наредните месеци, без разлика дали се вакцинирани или не“, рече Маркантонио Спада.

escort - Korsan taksi