Дали сме подготвени за нова пандемија?

5 јуни, 2021
79533403360b9d13dad1c7689693500_v4 big

Ханс Клуге, регионален директор на СЗО, изјави дека не е сигурен дека човештвото ќе биде подготвено, доколку се појави нова пандемија.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека сè уште не е сигурен дека човештвото ќе биде подготвено да се соочи со ризикот од нова пандемија.

“Моето мото е “Никогаш повеќе!” Дали ќе бидеме подготвени? Искрено, сè уште не сум сигурен. Мора да работиме на тоа, бидејќи човечката меморија е многу кратка”, рече Клуге во интервју за руската агенција Тас на маргините на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

За успешно соочување со новите предизвици за здравјето на човештвото, потребно е, како што забележува, оваа сфера да добие внимание на сите политички нивоа.

Тој исто така смета дека е потребно да се воведат новини во здравствените системи и да се подобрат производните капацитети. “На почетокот на пандемијата, едноставни работи како маски и основни лекови беа целосно зависни од земјите од третиот свет. Потребна ни е инфраструктура”, нагласи Клуге.

escort - Korsan taksi