Дали знаете дека луѓето кои носат oчила помалку заболуваат од ковид?

23 мај, 2021
b079f6bc03c76da3daca07f623c8c00656a409e5

Очилата за вид се исто така добра заштита од короната, покажа истражувањето.

Луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност да бидат заразени со ковид, бидејќи многу помалку ги допираат нивните очи, покажува студија од Индија

Истражувачи од Индија спроведоа студија заснована врз 304 испитаници на возраст од 10 до 80 години кои прележале ковид. Околу 19 проценти од нив имале очила поголем дел од денот, а остатокот не, што укажува на тоа дека луѓето кои носат очила осум часа на ден имаат помали шанси да заболат.

Просечна личност го допира лицето 23 пати!

Патем, просечна личност има навика да го допира лицето 23 пати, а очите три пати во време од еден час. Луѓето кои носат очила подолго време нема да ги допираат нивните очи, се вели во студијата.

Слична студија беше направена во Кина минатата година, каде беше утврдено дека луѓето кои носат очила имаат пет пати помала веројатност да заболат од ковид отколку оние кои не носат.

escort - Korsan taksi