ДЕРМАТОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Најпознатиот македонски лек за изгореници е НАЈОПАСЕН, ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО СТАВАТЕ ОВА НА КОЖАТА!

27 мај, 2021
ada-lepo-vreme-vrucina-leto-guza-mondo-stefan-stojanovic-25

Го научивме од нашите мајки и баби, тие од своите, а се покажа дека третманот на кој сите прибегнуваме кога ќе гизориме на сонце е многу штетен.

Со децении, дерматолозите предупредуваат на опасноста од прекумерното изложување на сонце, што во значителен број случаи предизвикува меланом.

Нанесувањето крема за сончање пред да ја напуштите куќата стана правило број еден доколку сакате да го зачувате вашето здравје и да го намалите ризикот од фатална болест на кожата.

Сепак, и покрај сите предупредувања, се случи да „заборавиме“, да се опуштиме на топлото сонце, а нашата кожа страда. Прва помош при изгорениците од сонце е лек што го научивме од нашите мајки и баби, и тие од своите – кисело млеко.

Сепак, дерматологот, доктор на медицински науки Јулија Гаљамова рече дека старинските лекови се всушност бескорисни, згора на тоа многу опасни. Специјалистот објасни дека киселото млеко и павлаката не треба да се користат во случај на изгореници, бидејќи тие можат да предизвикаат инфекции, бидејќи припаѓаат на млечни производи кои содржат изобилство на бактерии.

“Значи, само производи кои ја ублажуваат иритацијата на кожата. Постојат и специјални спрејови после изгореници, кои може да се најдат и во аптеките”, посочува дерматологот, кој потсети дека е потребно да се користат фото-заштитни средства на сонце. Ова ќе го намали ризикот од изгореници на минимум.