ДОКТОРИ ОДГОВОРИЈА НА ПРАШАЊЕТО: Дали AstraZeneca носи поголема штета или корист, треба ли да се плашиме од неа?

9 април, 2021
vaccine-5926664_1920

Дали имаме причина за страв кога станува збор за AstraZeneca?

По повод заклучокот за можната поврзаност помеѓу вакцината AstraZeneса и ретките случаи на згрутчување на крвта, Европската агенција за лекови изјави дека овој ризик може да се спореди со ризикот кај употреба на апчиња за контрацепција.

– Во прашање контрацепцијата која главно ја користат здрави жени, со по некој случај на фактор на ризик. Ако во рок од една година дадеме постоечки апчиња за контрацепција на група од 10.000 жени, ќе имаме четири случаи на прекумерно згрутчување на крвта – вели еден од водечките луѓе во ЕМА, д-р Питер Арлет.

Арлет проценува дека ова е конкретен пример што треба да и обезбеди на јавноста појасна слика за „малиот, но можен ризик“ од вакцината AstraZeneca.

escort - Korsan taksi