ДОКТОРИТЕ СОВЕТУВААТ Ако јадете по 12 сливи дневно, ќе го намалите ризикот од овие 12 заболувања

5 август, 2021
Screenshot 2021-08-05 180703

Во овој период од годината, сливите треба да се јадат свежи бидејќи содржат витамини Ц, Б6, Б2, Б3, К, магнезиум, железо, калциум и дури 240 милиграми калиум на 100 грама.

Ако јадете по 12 сливи секој ден во текот на два месеци, значително ќе го намалите нивото на лош холестерол во крвта, тврдат научниците. Покрај тоа, ќе ги зајакнете коските и ќе го намалите ризикот од рак на дебелото црево.

Антиоксидансите од сливите ги уништуваат слободните радикали кои можат да доведат до оксидација на холестеролот, што значително го зголемува ризикот од мозочен удар или висок холестерол.

Сливата е исто така богата со растителни влакна и затоа е неизбежен избор во случај на тешко празнење и запек. Дихидрокси-фенил изотин е една од состојките на сливите, поради што, меѓу другото, ова овошје има и лаксативно дејство.

Постојат податоци кои укажуваат дека 100 грама сливи дневно во период од три месеци значително ги зголемува маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските.

Сливите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта и со тоа да се намали ризикот од дијабетес тип 2. Исто така, може да го намалат нивото на триглицериди и гликоза во крвта, покажаа истражувањата, а за тоа е заслужен лутеинот. Исто така, флавоноидите во сливите го намалуваат ризикот од отпорност на инсулин, и имаат позитивен ефект врз инсулинската чувствителност.

Сливите се исто така богати со бакар. Овој минерал во човечкото тело е одговорен за формирање на протеини на сврзното ткиво – колаген и еластин. Затоа, може да се каже дека сливите се важни не само за зајакнување на коските, туку и за sидовите на крвните садови, мускулните влакна и кожата.

Во овој период од годината, сливите треба да се јадат свежи бидејќи содржат витамини Ц, Б6, Б2, Б3, К, магнезиум, железо, калциум и дури 240 милиграми калиум на 100 грама. Калиумот во сливите има добар ефект врз крвниот притисок, како и врз здравјето на срцето. Овој минерал е одговорен за спречување на задебелување на тромбоцитите, процес што предизвикува атеросклероза и други срцеви заболувања.