ЈАПОНЦИТЕ ЖИВЕАТ 100 ГОДИНИ, А ВООПШТО НЕ ВЕЖБААТ: Тајната е во 4 правила – едно е толку едноставно а сите го занемаруваме

25 април, 2021
sto-trpeza

Многу едноставни навики кои го продолжуваат животот.

Еден корисник на кинеската социјална мрежа „WeChat“ откри неколку тајни на јапонската долговечност. Нивниот национален систем на исхрана се покажа како клучен фактор.

Според него, спортот не е многу популарен меѓу Јапонците. Она што им го продолжува животниот век е разновидната исхрана – скоро секој оброк вклучува месо, овошје и зеленчук.

Втората причина за нивната долговечност лежи во бавното џвакање на храната, што им овозможува да не се прејадуваат.

Третата тајна на долгиот живот е начинот на готвење – Јапонците претпочитаат да ја варат или да ја подготвуваат храната на пареа, многу ретко ја пржат.

Како четврта причина, овој корисник на социјалната мрежа ја навел конзумацијата на поголема количина риба и морски плодови, кои се далеку поздрави од црвеното месо.

Неодамна, диететичарот Марк Гилберт наведе четири правила во исхраната што можат да го продолжат животот. Тој советуваше да се намали бројот на конзумирани калории и да се следи количината на витамин Д. Гилберт исто така истакна дека треба да се вклучат повеќе бобинки во исхраната и зборуваше за придобивките од зелениот чај кој помага во контролирање на нивото на шеќер во крвта и намалување на крвниот притисок.