КАКО ШТИТИ ФАЈЗЕР, А КАКО АСТРАЗЕНЕКА? Објавено првото истражување – ова е одговорот на прашањето што ги интересира многумина

15 април, 2021
Tan2021-2-14_92750674_0_1000x0

Секоја Т-клетка е многу специфична – постојат милијарди можни верзии на овие површински протеини, кои можат да препознаат различни делови на патогенот

Во првото истражување на британските научници, кое директно го спореди имунолошкиот одговор на вакцините Фајзер и АстраЦенека, беше откриено слично ниво на производство на антитела и малку посилен одговор кога станува збор за Т-клетките кај луѓето кои ја примиле британската вакцина.

Британски научници рекоа дека во студијата, со која се утврдени разликите во имунолошкиот одговор помеѓу Фајзер и АстраЦенека, било утврдено дека и двете предизвикуваат слично силна реакција во производството на антитела кај луѓе над 80 години по приемот на првата доза.

Агенцијата наведува дека истражувањето открило и дека важна компонента на имунолошкиот систем, позната како Т-клетки, покажала посилен одговор кај оние кои примиле вакцина АстраЦенека отколку кај оние кои примиле Фајзер, за што научниците веруваат дека се податоци што треба да бидат дополнително проучувани.

Што се Т-клетките?

Т-клетките се вид на имунолошки клетки, чија главна цел е да ги идентификуваат и отстранат патогените или инфицираните клетки што ги напаѓаат.

Тие го прават ова со протеини на нивната површина, кои можат да се поврзат со протеините на површината на патогенот. Секоја Т-клетка е многу специфична – има милијарди можни верзии на овие површински протеини, кои можат да препознаат различни делови на патогенот.

Бидејќи Т-клетките (Т-лимфоцити) можат да циркулираат во крвта со години по инфекцијата, тие исто така придонесуваат за „долгорочна меморија“ на имунитетниот систем и му овозможуваат побрзо и поефикасно да реагира кога е изложен на стариот непријател.

Оттука, важноста на Т-мемориските клетки во борбата против повторливи инфекции е исклучително важна.

escort - Korsan taksi