Кога треба да се носи маска за лице на отворено? Одговорот е едноставен

23 април, 2021
people-5059064_1920-1024x576

Заштитните маски го намалуваат ризикот од инфекција со корона вирус, а Дон Милтон, еден од водечките светски експерти за ширење на вирусот во воздухот и професор по животна средина и медицина на Универзитетот во Мериленд, објасни кога треба да се носи маска на отворено.

„На место каде што би можеле да бидете блиску со други луѓе или каде може да налетате на некого што го познавате и можеби би можеле да разговарате со таа личност, тогаш треба да имате маска и на отворено“, рече Милтон.

Милтон наведува дека ризикот од пренесување на вирусот на отворено е далеку помал отколку во затворен простор, но посочува дека ризикот не е непостоечки ниту на отворено.

„Ако сте на отворено во близина на други луѓе и ако не се сите вакцинирани, тогаш треба да носите маска“, советува Милтон.

Експертите за јавно здравје истакнуваат дека постојат едноставни правила кога маската треба да се носи на отворено, а кога не. Леана Вен, докторка за итни случаеви и професор по јавно здравје на универзитетот Џорџ Вашингтон, смета дека е многу лесно да се открие кога е потребна маска на отворено.

„Ако сте на отворено и можете да држите растојание од два метри од другите луѓе, тогаш не ви треба маска“, вели Вен.

Вен и Милтон се согласуваат со се поголемиот број експерти за јавно здравје кои сметаат дека задолжителното носење маски на отворено ја уништува само довербата меѓу владата и јавноста и дека воведувањето на таква обврска нема многу смисла.

Вен наведува дека луѓето имаат здрав разум и не им треба законот за да знаат кога да се заштитат со маска.

„Ако не можете да одржите физичко растојание од два метра, тогаш ставете маска и на отворено“, рече Вен.

escort - Korsan taksi