Колку време е потребно за да ги триете рацете со средство за дезинфекција за да го ОСТРАНИТЕ ВИРУСОТ?

13 април, 2021
washing_hands

Со прскање на средства за дезинфекција во форма на спреј или капење на вашите раце, а потоа брзо бришење на рацете, нема да го искористите овој производ на најдобар начин, затоа обрнете внимание на вообичаените грешки што многумина ги прават при користење на овие производи.

Според експертите, целата површина на рацете треба да биде покриена со средство за дезинфекција, така што една од вообичаените грешки е да се примени недоволна количина на средство за дезинфекција.

Не мора да се грижите за употреба на прекумерни количини на средствата за дезинфекција, бидејќи не постои никаков проблем – рече д-р Зек Џеј Мекини, лекар по медицина на трудот од клиника во Минесота и додаде дека е правилно да се покриваат двете раце со средство за дезинфекција.

И, кога ќе нанесете доволно средство за дезинфекција на вашите раце, обидете се да ги триете доволно долго за да ги покриете сите нерамнини.

Томас Русо, раководител на Одделот за инфективни болести на универзитетот Бафало во Њујорк, смета дека најголем ризик при употреба на средствата за дезинфекција не е покривање на цели раце.

– Ние ги триеме деловите од прстите на страната на дланките, ги триеме нивните врвови, но не ги триеме прстите од другата страна, просторот помеѓу прстите или надворешноста на палците.

Русо додаде дека рацете треба да се тријат со средството за дезинфекција додека не се исушат, бидејќи така се дезинфицира секој дел од раката.

– Ако не чекате да се исушат, може да се случи да го избришете производот, и тогаш тој нема да си ја заврши својата работа – рече Мекини и истакна дека деактивирање на одредени бактерии и вируси се случува при триење на производот во вашите раце. Важно е и да се води сметка за тоа како ги чувате средствата за дезинфекција на раце. Русо предупреди дека тие треба да се чуваат подалеку од дофат на деца и наведе зголемување на бројот на случаи на труење поради голтање на овие средства за дезинфекција.

Тој рече дека ковид-19 првенствено се шири со респираторни капки, така што не смееме да ја заборавиме важноста на носењето маска.

– Ако треба да изберам само едно, ќе изберам маска и ќе ги оставам рацете да ми се извалкаат – рече тој со цел да ја нагласи важноста на маската како заштита од корона.

Иако е важно правилно да се користат средства за дезинфекција, тие не треба да бидат единствената превентивна мерка.

На пример, кога ги миете рацете после јадење, измијте ги темелно со вода и сапун, бидејќи спрејот за дезинфекција нема да ја отстрани прашината или маснотиите од нив.

Според препораката на Центарот за контрола и превенција на болести, вашите раце треба да се тријат околу 20 секунди, сè додека не почувствувате дека се суви. Светската здравствена организација (СЗО) препорача миење раце најмалку 20 до 30 секунди и нуди детални упатства за правилни техники за дезинфекција на рацете.