Комбинацијата од 2 МАСКИ обезбедува загарантирана ЗАШТИТА од КОРОНА: ДОКТОРКА ги открива резултатите од НАЈНОВАТА СТУДИЈА!

11 мај, 2021
862007_profimedia0537368110_ls

Најдобра заштита од короната е да се избегнуваат гужви, а маските…

Центрите за контрола и превенција на болести на САД спроведоа студија која покажа дека носењето маска – хируршка или платнена – блокира само околу 40 проценти од честичките на вирусот, а кога платнената маска се става над хируршката, дури 80 проценти од честичките се спречени да дојдат во контакт со кожата и мукозните мембрани.

Д-р Татјана Радосављевиќ, пулмолог, вели дека резултатите од оваа студија не можат да се прифатат бидејќи истражувањето е спроведено на модели кои биле на растојание од само еден метар:

– Значи, една маска е сосема доволна, но ако држите растојание од најмалку два метри. Вирусот се пренесува со капки и може да се најде во радиус до метар и половина во воздухот. Значи, маската и растојанието даваат висок степен на заштита, дури 99 проценти.

Маската и дистанцата даваат 99% заштита.

Многумина едвај трпат да носат само една маска, па дури и при самата помисла дека ќе бидат принудени да носат две, тие велат дека едноставно ќе се задушат.

– Носењето хируршка и платнена маска може да предизвика чувство на недостаток на воздух, особено кај луѓе склони кон клаустрофобија – вели д-р Радосављевиќ. – Сепак, носењето здравствени маски и визири се препорачува за здравствените работници и луѓето кои се принудени да бидат во поблизок контакт со други луѓе, што е докажано успешен метод на заштита.

Таа забележува дека најдобрата заштита од вирусот е да се избегнуваат гужви и потсетува дека миењето на рацете е важно заедно со маската и дистанцата.

escort - Korsan taksi