Лесно до рамен стомак: Направете го овој пијалок против надуеност, потребни ви се само три состојки

4 август, 2021
Screenshot 2021-08-04 150231

Дали страдате од непријатно чувство во стомакот после јадење, дали сте надуени, имате запек или грчеви? Не сте единствени, бидејќи проценките велат дека дури 50 проценти од луѓето страдаат од овие проблеми барем повремено…

Иако надуеноста може да биде знак за болест, таа не е болест сама по себе, туку состојба. Виновникот треба да се бара пред се во неправилната исхрана, но и во хормоналната нерамнотежа, стрес и антибиотици.

Рецепт за пијалокот против надуеност

Во еден децилитар вода, додадете неколку листови свежо нане, неколку парчиња лимон, една лажичка мед. Оставете да отстои преку ноќ. Пијте го пијалокот во текот на денот.

Нането го смирува дигестивниот тракт, ја намалува подуеноста. Ги ублажува болките во желудникот и стомакот, како и грчевите и мачнините. Исто така, има диуретично дејство, го стимулира метаболизмот и го контролира апетитот. Содржи витамини А и Ц и други корисни материи кои ја зголемуваат отпорноста на телото. Нането го ублажува стресот и напнатоста.