Научниците од ПЕНТАГОН осмислија ЧИП што ја детектира КОРОНАТА и ФИЛТЕР што ја филтрира од крвта, филтерот веќе се користи

12 април, 2021
2528431_korona-cip_ls

Американски воени научници смислија микрочип што ја детектира короната и филтер што ја филтрира од крвта.

Научниците кои работат во тајна единица Пентагон основана во екот на Студената војна сега создадоа микрчип што се вметнува под кожата и кој наводно детектира ковид, како и револуционерен филтер кој според извештаите на медиумите може да го отстрани вирусот од крвта кога е прицврстен на машина за дијализа.

Тимот на Агенцијата за напредни одбрамбени истражувачки проекти (DARPA) со години работи на спречување и запирање на пандемии, измислувајќи решенија и уреди кои повеќе наликуваат на научна фантастика, а помалку на наука, пишува Дејли меил.

Членовите на тимот во американската емисија „60 минути“ рекоа дека сега дизајнирале микрочип кој открива инфекција на ковид пред да се појават симптомите.

Бидејќи идејата за микрочипирање на луѓе не инспирира голема доверба, пензионираниот полковник Мет Хепберн, од тимот на ДАРПА, рече дека Пентагон нема намера да го следи секој чекор што луѓето го прават, но не даде друго објаснување.

Хепберн, кој инаку е експерт за заразни болести, во шоуто покажа гел сличен на ткиво, дизајниран за постојано тестирање на крвта.

„Го инјектирате под кожата и ќе ви каже дали во вашето тело се одвива некоја хемиска реакција, а тоа е сигнал дека симптомите ќе ги почувствувате утре“, објасни тој.

Хепберн рече дека членовите на тимот биле инспирирани од напорите да се спречи ширењето на вирусот врз Теодор Рузвелт, каде 1271 членови на екипажот биле позитивни на короната.

“Ова е како контролна ламба. Морнарите добиваат сигнал, потоа земаат крв и ја тестираат на самото место. Можеме да ги добиеме информациите за три до пет минути. На тој начин, со дијагностицирање и лекување, ќе го запрете ширењето на инфекција “, рече тој.

korona, mikročip

Американската армија веројатно е крајно скептична во однос на новиот изум, со оглед на извештајот на Њујорк Тајмс, кој покажа дека третина од војниците одбиле да бидат вакцинирани од страв да не бидат чипирани.

Тимот на Хепберн дизајнираше и филтер кој се прикачува на машина за дијализа и го отстранува вирусот од крвта.

koronavirus, filter

Експерименталниот четиридневен третман беше даден на „пациент 16“, сопруга на војник која беше на интензивна нега во септичен шок.

„Вие го стартувате, го вади вирусот и ја враќа крвта“, рече Хепберн.

За неколку дена, пациентот 16 целосно се опорави.

Американската агенција за лекови (ФДА) одобри употреба на филтерот и во моментов се користи во лекување на скоро 300 критично болни пациенти.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi