Нема никаква поврзаност помеѓу неплодноста и корона вирусот, експерт објасни зошто

11 мај, 2021
pexels-rodnae-productions-6149306-1024x683

Постои зголемена загриженост во врска со поврзаноста помеѓу корона вирусот и неплодноста и покрај тоа што научниците постојано истакнуваат дека нема доволно докази за тоа. Затоа американски гинеколог објасни како функционира вакцината и зошто нема никаква врска со можната неплодност.

Стравот дека вакцината предизвикува неплодност не е ништо ново, посочува за Си-Ен-Ен педијатарот д-р Ивон Малдонадо. „Луѓето зборуваат за тоа од моментот кога се појави вакцината. Сепак, нема докази дека оваа вакцина влијае на развојот на фетусот или неплодноста“, рече таа.

Дури и оние кои не се сметаат за противници на вакцината, покажуваат загриженост. „Протеинот во вакцината за корона вирус е многу сличен на оној во плацентата, па луѓето се грижат дека може да предизвика неплодност“, напиша една жена на Твитер. Некои се грижат за фактот дека првата вакцина за млади на возраст од 12 до 16 години е одобрена во Америка.

Ниту една вакцина не предизвикува неплодност

Митовите за оваа тема ги разби гинекологот д-р Ричард Беиџи, кој ја објасни ситуацијата и влијанието на вакцината за Си-Ен-Ен.

„Никогаш немало вакцина која е поврзана со неплодност. Нема научна причина да се сомневаме дека новата вакцина предизвикува проблеми со плодноста кај возрасни или тинејџери. Тоа се факти. Теоретски, можам да ја разберам загриженоста затоа што Фајзер и Модерна користат нова мРНА технологија, но новите технологии се повеќе се докажуваат како поефикасни “, рече Беиџи.

Бременоста како ризик?

Бременоста се смета за ризичен фактор кај инфекција со корона вирус, како и за грип, а според некои извештаи, пет случаи на предвремена абрупција на плацентата се совпаднале на време со појавата на вакцината против ковид-19.

 „Најверојатно, одвојувањето на плацентата веќе започнало пред вакцинацијата, но клиничката слика била препознаена дури после. Нема причина зошто овие случаи треба да ги поврзуваме со вакцината. Еве што знаеме досега:

Бремените жени не учествуваа во оригиналните клинички испитувања, но оваа година беа вакцинирани над 100.000 бремени жени. Околу 5.000 бремени жени беа внимателно следени од Центарот за контрола и превенција на болести по вакцинацијата. Некои бремености завршуваат со спонтан абортус, тоа го знаеме. Сепак, според сите расположиви податоци за бременоста кај овие жени кои примиле вакцина, тие воопшто не се разликувале од другите, вообичаени бремености“, рече Беиџи.

Тој се осврна и на објавата на една дама која се грижеше за протеинот, но гинекологот објасни:

„Разбирам дека луѓето ќе прочитаат такво нешто и се загрижени. Освен фактот дека нема истражување што ја поддржува оваа теза, плацентата се формира по зачнувањето, но од феталното ткиво. Значи по дефиниција ако е формирана плацента, ако сте бремени, не можете да бидете неплодни.

Моја порака до луѓето: Споредете ги ризиците од инфекција со корона вирус и вакцинација. Надлежните органи не одобруваат вакцина или лек ако сметаат дека со тоа има големи проблеми“.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi