ОТКРИЕН НОВ СИМПТОМ НА КОРОНА ВИРУСОТ: Пациентите, покрај мирисот и вкусот, го изгубиле и ова важно сетило!

23 март, 2021
ков

Еврејскиот универзитет во Ерусалим спроведе студија која покажа дека губење на мирис и вкус не се единствените симптоми карактеристични за коронавирусот.

Според „Ерусалим пост“, се појавил уште еден симптом на Ковид, а тоа е губење на чувството за допир.

Маша Нив, продекан на Универзитетот и професор, истакна дека нивните откритија покажуваат дека коронавирусот влијае на хемосензорната функција и не е ограничен на губење на мирис.

Сетилата се намалуваат за време на болеста
Таа исто така истакна дека нарушувањата во сите сетила можат да бидат знак на корорнарна инфекција. Студијата опфатила 4.039 пациенти кои го надминале Ковид и вклучиле луѓе од 40 држави.

„Резултатите покажуваат дека функцијата на сетилата за мирис, вкус и допир е значително намалена за време на болеста. „Овие симптоми можат да бидат важни за разликување на Ковид-19 од некои други вирусни инфекции“, се вели во студијата.

escort - Korsan taksi