После 5 километри едни паднале, а други продолжиле: Во што е разликата?

6 јули, 2021
bcf8db0eeafea5d19fde5511990c899f7b80dbe0

Слушањето музика додека трчате може да ја подобри издржливоста кога ќе се чувствувате ментално уморни.

Ова го покажа студија на Универзитетот во Единбург. Истражувачите откриле дека луѓето кои слушале музика во моментите на истоштеност ги имаат истите резултати како и оние кои не биле уморни.

Испитаниците завршиле получасовен когнитивен тест на компјутер кој ги довел во состојба на ментален замор пред да одат на рекреација. Потоа ги тестирале кога трчале додека ги слушале нивните омилени мелодии и ги споредија резултатите со оние спроведени без музика и когнитивна задача.

Тркачите биле уморни, но некои добиле музика, додека други не.
Во интервалното трчање, резултатите биле подобри во моментите на ментален замор при слушање музика отколку кога не слушале. Слично било и кога трчале пет километри.

„Резултатите покажуваат дека слушањето мотивациска музика може да биде корисна стратегија што им помага на активните луѓе да ја подобрат издржливоста додека трчаат кога се ментално уморни“ – велат истражувачите од Универзитетот во Единбург.

escort - Korsan taksi