Повремениот пост ги намалува воспаленијата и го зајакнува имунитетот: Експертите сега знаат што се случува во организмот!

23 март, 2021
post-ccdsdccd-660x450

Експертите од Институтот за имунологија на Медицинскиот факултет Икан во Њујорк наведуваат дека повремениот пост ги намалува воспаленијата што може да доведат до разни болести како што се дијабетес, мултиплекс склероза и синдром на нервозно дебело црево.

Причината за ова е намалување на бројот на моноцити, односно клетки кои предизвикуваат воспаление во крвта. Во крвта на глувците и луќе кои повремено постеле имало помалку воспалителни моноцити отколку кај оние кои не постат.

„На Запад, луѓето јадат цело време и тоа е неодамнешна навика во човечката еволуција. Денес се јавуваат поголеми количини на моноцити поради непотребно прејадување. Стекнавме навики во исхраната што нè доведува во опасност од воспаление “, вели д-р Миријам Мерад, автор на студијата и директор на Институтот.

„Постојано се прејадуваме и тоа нè води до воспаление. Ограничениот внес на храна го намалува ова. Тоа не значи дека храната не е важна, но важно е што и како јадеме “, вели Кристин Киркпатрик (Cleveland Clinic Wellness Institute) и препорачува да се јаде во редовни интервали и да се избегнува шеќер. Се препорачува да се јаде помеќу 11 до 19 часот.

escort - Korsan taksi