РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Овој витамин е клучен во борбата против КОРОНАТА и ги спречува смртните исходи!

28 февруари, 2021
images_400x0

Неговото ниво секогаш се намалува кај луѓето кои страдаат од хронично воспаление, кои се дебели, имаат дијабетес и срцеви заболувања.

Витаминот Б6 може да помогне во смирување на бурите со цитокини и разградување на згрутчување на крвта, поврзано со смртност кај луѓе со ковид-19, вели едно ново истражување. Професорката од Универзитетот во Хирошима, Танутчапорн Кумрунгси, ги поканува колегите научници да ја проучат потенцијалната улога на витаминот Б6, бидејќи сè уште нема докази за влијанието на овој витамин. Сепак, постојат многу причини за понатамошно истражување.

Храната е наш прв лек
Кој би помислил дека малку основно соединение како витамин Б6 што се наоѓа во банана или риба, што го јадете можеби секој ден, може да биде клучно за силната реакција на вашето тело против ковид- 19?

Студиите досега ги испитуваа придобивките од витамините Д и Ц и минералите, како што се цинкот и магнезиумот, во зајакнувањето на имунолошкиот одговор против ковид- 19. Но, истражувањата за витамин Б6 во голема мерка недостасуваат. Научничката и професорка по здравствено влијание Танутчапорн Кумрунгси се надева дека нивната работа, објавена во списанието „Frontiers in Nutrition“, ќе биде првиот чекор во прикажувањето на потенцијалот на витамин Б6 во намалувањето на шансите за сериозно заболување од корона вирусот.

-Покрај миењето на рацете, храната и исхраната се првите линии на одбрана од инфекција со вирусот ковид 19. Храната е наш прв лек, а кујната е прва аптека – вели Кумрунгси, вонредна професорка на Факултетот за интегрирани науки на Универзитет во Хирошима.

Корона вирусите и гриповите се меѓу вирусите што можат да предизвикаат фатално оштетување на белите дробови, па дури и смрт од синдромот на акутен респираторен дистрес, а тоа се случува низ целиот свет. Вирусни инфекции предизвикуваат „цитокинска бура“, што доведува до воспаление на ендотелијалните клетки на белите дробови на капиларите, инфилтрација на неутрофили и зголемен оксидативен стрес – велат истражувачите.

Како работи витаминот Б6
Цитокинските бури се јавуваат кога имунолошкиот систем е претегнат и почнува да напаѓа дури и здрави клетки. Во меѓувреме, згрутчувањето на крвта поврзано со ковид 19 може да блокира капилари, оштетувајќи ги виталните органи како срцето, белите дробови, црниот дроб и бубрезите. Витаминот Б6 е добро познат лек против тромбоза и антиинфламаторно дејство. Недостаток на овој витамин е поврзан и со пониска имунолошка функција и поголема подложност на вирусни инфекции.

Витаминот Б6 има тесна врска со имунолошкиот систем. Неговото ниво секогаш се намалува кај луѓето кои страдаат од хронично воспаление, кои се дебели, имаат дијабетес и срцеви заболувања. И, гледаме дека дебелите луѓе и дијабетичарите се изложени на висок ризик од ковид-19, вели професорката Кумрунгси и додава:

-Затоа се обидовме во оваа студија да расветлиме за можното учество на витамин Б6 во спречување на сериозноста на клиничката слика за ковид-19. Затоа се радуваме на клинички испитувања кои ќе ја тестираат нашата хипотеза.

Каде сè има витамин Б6

Инаку, дневната доза на витамин Б6 потребна за нормално функционирање на организмот зависи од возраста. Бебињата на возраст од 7 до 12 месеци имаат потреба од 0,3 милиграми на ден. Како што стареете, вашите дневни потреби се зголемуваат – луѓето над 50 години имаат потреба од пет пати повеќе.
Витаминот Б6 најмногу се наоѓа во живината, рибите, школките, говедското месо, остатоците, млекото, потоа во компирот, пченката, бананите и авокадото, лиснат зеленчук, ореви, путер од кикирики, сливи, суво грозје, пивски квасец.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris