ТРЕТИНА ОД ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД, ЈА ОБИВААТ И ОВАА ДИЈАГНОЗА: Новото истражување откри!

10 април, 2021
247027_shutterstock-1706815819_ls

Проблемите не престануваат по две недели изолација и негативен тест

Една нова студија спроведена на Универзитетот во Оксфорд донесе информација дека 34 проценти од пациентите кои биле подложени на вирусот корона доживуваат една работа како симптом – невролошко пореметување.

Една од најтешките работи кои се поврзуваат со оваа болест е фактот дека проблемите не престануваат по 14 дена карантин. Долготрајниот ковид носи симптоми како што се замор, губење на вкус и мирис, останување без здив и мускулна болка, според постарите истражувања. Но, денес, студијата даде нови резултати и тврди дека една третина од оние кои имале ја оваа болест сè уште страдаат од особено загрижувачки симптом со месеци.

Една третина од пациентите биле дијагностицирани со невролошко или ментално нарушување

Резултатите од студијата објавена пред неколку дена укажуваат на фактот дека на 34% од луѓето кои имале корона, на крајот им е дијагностицирано или невролошко или ментално нарушување. Студијата провери што се случува 6 месеци по дијагнозата, па истражувањето ќе продолжи да открива што се крие зад оваа состојба.

Ова е многу важна тема бидејќи постоеја сомневања дека ковид е и болест на мозокот, не само на респираторните органи, рече Муса Сами, професор по психијатрија на Универзитетот во Нотингем, но не учествуваше во студијата.

Тој наведува дека постојат неколку фактори кои можат да придонесат за фактот дека толку многу пациенти доживуваат долгорочни симптоми, а тоа може да бидат стресот, престојот во болница и карактеристиките на болеста.

depresija

Опсегот на симптоми се движи од анксиозност до мозочен удар

Најчестите невролошки и психолошки дијагнози биле анксиозност кај 17 проценти од луѓето и промени во расположението кај 14 проценти. Околу 50% од пациентите доживеале исхемичен мозочен удар, а тоа е згрутчување на крвта што делува на мозокот. Чести се дијагносите на деменција, доаѓа до користење на супстанции и несоница.

„Ова се податоци според прегледот на голем број пациенти, и тие потврдуваат дека се справуваат и со сериозни нарушувања кои влијаат на нервниот систем“, објасни водачот на студијата Пол Харисон.

Последиците се почести кај хоспитализирани

Научниците забележале дека невролошките нарушувања почесто се забележуваат кај пациенти кои биле во болница, но има и такви кои имале помалку сериозни симптоми. Тие сметаат дека треба да се намали бројот на заразени лица за да не се зголеми овој број. Иако невролошките промени се почести кај пациенти кои биле во болница, менталното здравје страда, без оглед колку е тешка формата на болеста што ја доживеале.

Овие промени се почести кај ковид отколку кај други слични болести

Студијата ги спореди податоците од повеќе од 236.000 пациенти со ковид со оние кои имале други болести во истиот временски период и заклучило дека пациентите со ковид имаат 44% поголем ризик од ментална и невролошка дијагноза отколку оние кои на пример имале други инфекции на дишните патишта.

„Нашите резултати докажуваат дека мозочните болести и менталните нарушувања се многу повисоки по ковид-19 од другите респираторни инфекции“, додаваат авторите на студијата.