ЗДРАВО Е ДА ДРЕМНЕТЕ ПОЛОВИНА ЧАС! Научниците препорачуваат дневна дремка за подобра концентрација

5 декември, 2021
476022_san_f

И покрај фактот дека дремката не може целосно да го надомести заморот поради несоница во текот на ноќта, кратка попладневна дремка, само 20-30 минути, може да го подобри нашето расположение и будност, тврдат научниците

Студијата спроведена од НАСА на поспани пилоти и астронаути покажа дека дремката од 30 минути ја зголемува нивната работна способност и будност за 30 проценти.

– Краткиот сон може да ја зголеми будноста и концентрацијата веднаш по дремката и може да ја продолжи до неколку часа подоцна во текот на денот, велат истражувачите.

Според нив, постојат три типа на дремки:

Планирана дремка – тоа е кратка дремка пред всушност да заспиеме. Оваа техника можете да ја користите кога знаете дека ќе легнете тој ден подоцна од вообичаеното или како механизам за одбрана од заморот што ве очекува.

Итна дремка – процес кога одеднаш ве обзема замор и не можете да ја продолжите работата што ја работевте или притисокот паѓа, па неизбежно мора да легнете малку. Овој тип на дремка можете да го примените кога сте поспани додека возите или кога работите со некои тешки и опасни машини.

Вообичаената дремка – кога практикувате да легнете и да дремете во одредено време секој ден. Малите деца обично можат да заспијат во одредено време секој ден, како и постарите луѓе, кои се толку навикнати на тоа, после ручек.