ЖЕНИ, ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ! Студија откри дека НАЈМНОГУ ИЗНЕВЕРУВААТ оние кои НОСАТ ЕДЕН ДЕТАЛ!

19 јули, 2021
459048_muskarac2_f

Неверството, изневерувањето, прељубата, аферата не се интересни само за сценаристите на реалните шоуа, туку и за научниците…

Истражувачи од различни универзитети и институти се обидоа и сè уште се обидуваат да ги откријат тајните на препознавање на оние кои имаат афери надвор од врската или бракот, а најновата студија доаѓа од Универзитет во Мичиген, објавена во списанието „Personality and Social Psychology Bulletin“.

Имено, научниците од Мичиген утврдиле дека мажите кои носат облека со големи ознаки на брендови, маици со огромно лого, се повеќе склони кон измама. Или, како што велат истражувачите, „тие повеќе инвестираат во заведување и повеќе ги интересираат кратки врски со акцент на страста“.

Друга цел на оваа студија, предводена од психологот Даниел Кригер, беше да утврди дали мажите кои носат поагресивна облека се попривлечни за жените или жените ги привлекуваат мажи кои се богати и можат да им обезбедат стабилна финансиска иднина.

Студијата се фокусираше на добро познатата марка „Ралф Лорен“ и нивните поло-маички со мало лого, а маиците со тој знак беа значително поголеми. Испитаниците избрале која облека да ја носат во одредени ситуации.

Врз основа на резултатите, истражувачите заклучиле дека колку е поголемо логото, толку е поголема веројатноста мажот да биде прељубник. Таквите мажи се помалку заинтересирани за долгорочни романтични врски. Помалку ги привлекуваат жени кои сакаат сериозни врски на долг рок, во споредба со мажите кои носат маици со мало лого.

escort - Korsan taksi