ЖЕНИТЕ ПОЛУДЕА ЗА ОВА – ГИ БРИШЕ БРЧКИТЕ, ЈА НАМАЛУВА НАДУЕНОСТА НА ЛИЦЕТО И НОСИ УБАВИНА: Сите сакаат да ја пробаат гуа ша масажата!

11 септември, 2021
Macro,Close,Up,Portrait,Of,Woman,Having,Facial,Beauty,Treatment

Што е гуа ша масажа – се користи жад и розев кварц, можете да ја направите дома, а многумина веруваат дека може да го обнови лицето!

Сите сме слушнале за масажата на лицето која релаксира и ги намалува брчките, но ова е нешто сосема друго и можете да го направите сами дома. Гуа ша масажата на лицето станува се попопуларна кај жените, а тајната е во кристалниот масажер/ролер.

Ова не значи дека треба да одвоите огромна сума пари, бидејќи има многу масажери на пазарот по прифатливи цени. Гуа ша масажата на лицето потекнува од Кина, а нејзините главни ефекти се детоксикација на кожата, намалување на подуеноста на лицето и намалување на ризикот од брчки. Масажата ќе ја стимулира циркулацијата, ќе ја забрза лимфната дренажа и ќе го ослободи лицето од штетни материи, истакнуваат експертите за убавина.

Без болка, груби движења и напнатост, нежната гуа ша масажа на лицето ќе ви помогне да се опуштите, а во Кина веруваат дека може да поттикне и будење на позитивна „чи“ енергија. Најчесто, масажерите за овој тип на масажа се направени од розов кварц и жад, тие се со различни форми и димензии, а овие два кристали се избрани затоа што се смета дека носат младост. Прашањето е кој да се избере, жад или розев кварц?

Розевиот кварц е камен за кој се верува дека привлекува љубов, но исто така штити од негативна енергија и носи мир. Во масажата на лицето се користи за спречување на предвремено стареење и за одржување на кожата мазна, затегната и здрава. Од друга страна, жадот е помек камен кој ја затегнува опуштената кожа и има добар ефект врз длабоките брчки. Исто така, пред да користите негувачки крем, добро е да го измасирате лицето со жад и да ги отворите порите за сите вредни состојки. Ваш избор е кој камен ќе го користите, иако многумина што го пробале истакнуваат дека розевиот кварц е поефикасен во борбата против знаците на стареење.

Пред масажата, не заборавајте да ја исчистите темелно кожата, а потоа навлажнете ја со вода од роза или друга течност за нега на лицето и нанесете мал слој масло. Започнете да ги масирате сите области на лицето со лесни движења и допири на масажерот. Масирајте ја областа на вилицата, брадата, челото, образите, усните и вратот. Не заборавајте за темните кругови и веѓите. Масирајте лесно и поместувајте го масажерот одвнатре кон надвор. Повторете го движењето на едно место околу 5 пати, а масажата треба да трае најмногу 5 минути на ден.

Овој тип на масажа се користи и во многу салони, па прво можете да ја пробате кај експерт, а потоа сами да продолжите со популарниот природен третман.