Знаци кои ја издаваат: Вака се однесува жената која достигнала кулминација со вас

20 август, 2021
profimedia-0392256776

Ова се знаците …

Жените потешко доживуваат оргазам од мажите, а понекогаш дури и се преправаат дека достигнале кулминација за да не го повредат својот партнер. Сепак, истражувачите тврдат дека постојат знаци кои можат да укажат дека жената навистина доживеала кулминација за време на осносот.

Проширување на зеницата, црвенило на градите, брзо дишење… Сето ова може да биде знак дека жената доживува оргазам. Покрај овие, постојат и некои други знаци кои укажуваат на достигнување кулминација.

Телото станува напнато

Кога жената доживува оргазам, таа обично го затегнува телото и ги стега мускулите, а понекогаш може да ве зграби или да ве изгребе во тој момент.

Затегнување на вагиналните мускули

Мажот понекогаш може да почувствува кога жената ќе достигне кулминација, на тој начин што ќе почувствува затегнување на нејзините вагинални мускули околу пенисот или прстот.

Погледот

Погледнете ја вашата партнерка во кревет директно во очи. Ако и е тешко да се фокусира на вас или нејзините зеници се шират, многу е веројатно дека ја достигнала кулминацијата.

Затворање на очите

Понекогаш жената може да ги затвори очите додека достигнува кулминација, и ќе ги отвори само кога ќе помине чувството на задоволство.

Отчукување на срцето

Постигнувањето оргазам го условува и забрзува чукањето на срцето. Отчукувањата ќе бидат побрзи и погласни, а понекогаш и толку силни што дури и не треба да го доближите увото до нејзините гради за да ги слушнете и почувствувате.

Сјај на кожата

Откако жената ќе доживее оргазам, обрнете внимание на сјајот на нејзиното лице. Постигнувањето на кулминацијата предизвикува крвта да тече побрзо низ вените, па се чини дека кожата добива посебен сјај.

escort - Korsan taksi