Ако сакате совршено нежна и мека кожа – Избегнувајте ги овие неколку постапки

6 август, 20220
depilacija-1

Доколку и вие сте поддржувач на депилацијата, но ве мачи осипот кој се појавува по третманот, имајте на ум дека и вие сносите дел од одговорноста.

Во одреден број случаи, вашите постапки пред и по депилацијата може да доведат до непријатни и иритирачки појави кои понекогаш ве тераат да кажете: „Сега и никогаш повеќе“.

За да избегнете вакви непријатни ситуации, потребно е да ги поправите следните грешки:

1. Не ја подготвувате кожата за депилација
Навистина се препорачува мек пилинг на база на масло пред депилација. На овој начин ќе ги отстраните мртвите честички на епидермисот и ќе ги подигнете влакната, што ќе го поедностави самиот процес на депилација.

После тоа, треба да ја обезмастете кожата со салфетки и лосион за чистење, во спротивно ризикувате воспаление по депилацијата. По одмастувањето се нанесува специјален талк за депилација, но никогаш детска пудра, за да се намали ризикот од лепење на восокот за кожата и нејзино оштетување.

2. Не дозволувате влакната да растат
Оставање на влакната да пораснат, дефинитивно не звучи како атрактивна идеја, особено во текот на летото, но неопходно е вашите влакна да бидат долги од 4 до 5 мм за да биде успешна депилацијата.

3. Користите погрешна техника
Восокот се нанесува исклучиво во правец на раст на влакната, а лентата ја повлекувате во спротивна насока. Треба да ја повлечете лентата со сигурно, остро движење, инаку болката ќе биде поголема. Обидете се да го задржите движењето ниско, речиси паралелно со кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit