Ако сè почесто сонувате бизарни сонови – Еве што може да значи тоа: Вашата потсвест сака нешто да ви каже!

5 август, 20220
shutterstock_3041771781

Од сонување дека трчаме голи до борба со змии или пајаци, нашиот мозок може да дојде до најбизарните сценарија додека спиеме.

Експертите дадоа неколку објаснувања за оваа појава.

Иако механизмите зад сонувањето не се целосно разбрани, широко се верува дека соништата служат како средство за консолидирање на меморијата.

Соништата се комбинација од нашите емоции, нашето опкружување и до одреден степен, работи со кои сме се сретнале во текот на денот.

Исто така, постои теорија дека соништата служат за решавање на емоционалните проблеми што ги доживуваме додека сме будни.

Лекарите препорачуваат „здрави навики“ кои вклучуваат исклучување на сите екрани два до четири часа пред спиење и обид за спиење во исто време, секоја вечер.

Задолжително запишете ги вашите соништа за подоцна да можете да ги протолкувате и да дојдете до заклучок зошто ги сонувате.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *