АНАСТАСИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ПЕЕ!? Цеца се шокирала кога го дознала нејзиниот план!

18 ноември, 20220
629902_cid-ep-6-3_f

Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, откри дека би сакала да се посвети на семејството и да ја стави на пауза својата музичка кариера, бидејќи сака малку да се одмори.

Атрактивната бринета истакна дека се нервира кога ги следи натпреварите на српската репрезентација, бидејќи страсно навива, особено кога игра нејзиното момче Немања Гудељ.

– Се нервирам за миг, особено поради некоја глупава грешка – откри Анастасија Ражнатовиќ.

Популарната пејачка ги кажа своите планови, како и дека сака да се одмори од настапите.

– Па кога би имала деца, претпоставувам. Да бидам малку дома и да не правам ништо – вели Анастасија, по што Цеца ја праша:

– Тоа ти е целта?! А кариерата?! – се збуни мама Светлана.

– Па, можам малку да одморам, кој ќе го издржи ова темпо – одговори Анастасија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *