Без печење и готови за брзо време: Кокос топчиња од само три состојки!

20 ноември, 20220
f_26905845_1280

Има некои слатки на кои возрасните им се радуваат како деца, а ова е дефинитивно едно од нив. Овие топчиња се толку вкусни и лесни за правење, а сигурно малкумина можат да им одолеат. Дури и ако не сте љубител на кокос, вкусот може да ве натера да му дадете втора шанса. Еве како да направите топчиња од кокос.

Состојки:

500 мл слатка павлака за шлаг
400 гр бело чоколадо
300 гр кокос + 150 гр кокос за посипување

Подготовка:

Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие на ниска температура.
Кога ќе зоврие, прелијте врз белото чоколадо кое претходно сте го исекле на помали парчиња. Мешајте додека целосно да се растопи чоколадото.

Кога чоколадото ќе се растопи и ќе се соедини со кремот, во смесата додадете го кокосот и соединете сè.
Оставете да се излади и да се стегне. Можете да го ставите и во фрижидер за да го забрзате ладењето.

Кога ќе се стврдне, фатете ја смесата со лажица и формирајте топчиња со дланките.

Валкајте ги топчињата во кокос, а потоа вратете ги во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber