Без јајца и масло: Најлесниот рецепт за вкусен похован карфиол со крцкава кора!

12 мај, 20220
62078252-cvjetaca

Карфиолот е исклучително флексибилен зеленчук кој може да се подготви на различни начини. Се додава во супи и чорби, се прави во пире, па дури може да се претвори во ориз и тесто за пица.

Во гастрономските кругови, панираниот карфиол стана многу популарен во последните години и се служи како предјадење во многу ресторани.

Ова јадење многу лесно се подготвува во вашиот дом, а наместо класично панирање со јајца и бело брашно, ви нудиме малку поинаква алтернатива со брашно од наут.

Состојки за паниран карфиол:

400 гр свежи цветови од карфиол
200 гр лебни трошки
50 гр брашно од наут
10 лажици вода
1 лажица сок од лимон или лимета
1 лажичка ким
1 лажичка лук во прав
сол и бибер по желба

Подготовка:

– Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
– Исечете го карфиолот на парчиња со големина од околу 1-2 инчи. Измијте ги и исушете ги.
– Во еден сад измешајте го брашното од наут со водата и сокот од лимета. Додадете сол и бибер по желба.
– На чинија измешајте ги лебните трошки со малку сол, ким и лук во прав.
– Измиениот карфиол потопете го во смесата со брашно од леблебија, а потоа извалкајте ги трошките да ја покрие целата површина. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки.
– Вака подготвениот карфиол ставете го на хартија за печење и ставете го во загреана рерна 30 до 40 минути додека зеленчукот не се свари до крај, а обвивката не стане крцкава. На половина од печењето превртете го карфиолот на другата страна.
– Послужете со сос по желба. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi