Бизарниот живот на еден од најпознатите парови на светот: Приборот за јадење е ЗАБРАНЕТ, а еден ритуал не го делат со никого!

23 ноември, 20220
349353_elendedzeneresporsaderosi3_ff

Шоуто на Елен Деџенерис, именувано едноставно „Елен“, оваа година влезе во последната сезона.

По 19 сезони емитување, комичарката ќе му каже „збогум“ на шоуто кое го обожаваат и публиката и познатите личности кои гостуваат во него, додека вработените во телевизијата веројатно едвај чекаат да ѝ го видат грбот. Една од причините за крајот на шоуто се честите скандали и поплаки на персоналот за однесувањето на Елен Деџенерис, а наводно на нејзината сопруга и позната актерка Портија де Роси ѝ е преку глава од таквиот живот и сака да се оттргне од светот на познатите личности.

– Елен се заколна дека ќе ја напушти работата за да се пресели. Таа им кажа на сите свои пријатели дека со нетрпение чека да се пензионира – изјави извор близок на парот пред извесно време и додаде дека Порша се чувствува изневерено затоа што Елен постојано го одложува крајот на својата водителска кариера, поради што некои од нивните пријатели веруваат дека бракот нема да трае уште многу.

<p>Kako tvrde dobro upućeni izvori, milionerski život umnogome je uticao na ovaj poznati par, a one danas žive u mehuru i ponašaju se sve čudnije</p>

Меѓутоа, Елен неодамна ги скрати тие озборувања, а оваа година најдоа купувачи за нивниот луксузен дом во Монтесито, каде соседи им се принцот Хари и Меган Маркл, Опра Винфри и многу други познати личности.

Во минатото често се шпекулираше дека бракот на Елен Деџенерис и Поршa де Роси е во криза, а тие наводно се труделе максимално да го одржат – толку многу што се оддалечиле од реалноста.

Нивното секојдневие е далеку од обично, велат извори блиски на парот, а се побизарното однесување на Елен често се заканува повторно да ја наруши нивната врска.

<p>Kako tvrde dobro upućeni izvori, milionerski život umnogome je uticao na ovaj poznati par, a one danas žive u mehuru i ponašaju se sve čudnije</p>

Како што напиша магазинот In Touch пред извесно време, за да го одржат својот брак, Порша и Елен имаат необични ритуали како што се „завет на тишина“ и „строги правила кои вклучуваат јадење со раце наместо прибор за јадење и избегнување јадење со други“.

Изворот на овој весник тврди дека парот живее во „својот изолиран свет“, а Елен наводно од својот живот ги исклучила блиските пријатели со кои се дружела со години.

– Елен и Порша се мултимилионери кои живеат во балон. Го губат контактот со реалноста и се повеќе се ексцентрични, вели изворот.

<p>Kako tvrde dobro upućeni izvori, milionerski život umnogome je uticao na ovaj poznati par, a one danas žive u mehuru i ponašaju se sve čudnije</p>

Наводно, тоа што Елен повеќе не знае да живее вистински живот е еден од виновниците за нејзиното однесување кон персоналот на снимањето и, воопшто, во комуникацијата со другите. Наводно, еднаш забележала дека не ѝ се допаѓа големината на фонтот на Ајфон, поради што лично му се јавила на Стив Џобс, сопственикот на компанијата Епл, за да му каже дека Ајфонот мора да има поголем фонт, изјавила една од поранешните колешки на Елен.

– Таа е таква. Таа не е некој демон. Едноставно живее во неверојатно привилегиран балон и нема контакт со реалниот свет – рече неименуваната соработничка на Елен Деџенерис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi