Би ги јаделе секој ден: Најлесниот рецепт за кремасти њоки со пилешко

23 септември, 20220
62382800-kremasti-njoki

Ако сакате да го олесните подготвувањето на оброкот, направете го со што помалку алатки – само во едно тенџере. Не само што ќе го олесните готвењето, туку и чистењето по завршувањето на ручекот или вечерата.

Овие кремасти пилешки њоки се совршениот есенски оброк – тие се сочни, полни, топли и полни со протеини.

Иако можете сами да си направите њоки од компири и брашно, користете готови њоки од продавница и на тој начин драстично ќе ви ја олесни работата и ќе ја скрати подготовката на оброкот.

Состојки:

700 мл пилешка супа
500 гр пилешки гради без коски
500 гр њоки
400 гр сечкани домати од конзерва
3 лажици крем
2-3 чешниња лук
1 кромид
1 ловоров лист
1 лажичка чадена пиперка во прав
растително масло за пржење
сол и бибер по желба
свеж магдонос за сервирање

Подготовка:

Во тенџере загрејте малку масло и пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне.
Додадете го пилешкото исечено на ленти. Се динста неколку минути додека месото не добие златно-кафеава боја.
Додадете ситно сечкан лук и пржете го околу една минута.
Истурете се заедно со сечканите домати и пилешката супа, сол и бибер по желба. Во тенџерето додадете го ловоровиот лист и чадената пиперка во прав.
Покријте и гответе сè заедно околу 10 минути додека не се соединат вкусовите.
Во тенџерето додадете ги њоките и варете уште десетина минути, додека њоките целосно не се сварат и сосот не се згусне.
Кон крајот на готвењето измешајте го кремот и извадете го ловоровиот лист.
Послужете топло со свежо сечкан магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *