БРЕД ПИТ ВО ДЕПРЕСИЈА? Актерот ги покажа своите скулптури и призна дека размислува каде згрешил во врските

20 септември, 20220
264703_bred-reuter_f

Актерот Бред Пит не престанува да не изненадува, како со своите модни изданија, така и со изјавите во кои открива како се чувствува во последните години откако се разведе од Анџелина Џоли.

Изминатиов викенд, Бред го имаше своето деби како скулптор на групна изложба во уметничкиот музеј Сара Хилден во Тампере, Финска.

Деветте дела на Пит на изложбата вклучуваат голема гипсена плоча што претставува пукање, како и серија силиконски скулптури во облик на куќи, од кои секоја е погодена со куршуми од различен калибар.

– Станува збор за саморефлексија. Се работи за тоа каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник – рече Пит на отворањето.

– За мене ова произлезе кога станав навистина брутално искрен со себе и земајќи ги предвид оние кои можеби сум ги повредил и моментите во кои погрешив – објасни Бред.

Од 2017 година Пит почнал да се занимава со грнчарство во Лос Анџелес, а медиумите пренесуваат дека во студио поминувал и до 15 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *