БРЗО ИСУШЕТЕ ГО ЛАКОТ ЗА НОКТИ! Ако сте во трка со времето, применете ги овие трикови!

6 август, 20220
352150_close-up-photography-of-a-woman-in-black-nail-polish-holding-851219_f

Ги лакиравте ноктите, а брзате? Еве совети како да се исуши лакот за нокти што е можно побрзо

  1. Со помош на фен за коса

Подесете го фенот да дува ладно и на тој начин исушете ги ноктите. Топлиот воздух спречува лакот да се исуши, но ладниот не. Ова е и најбрзиот начин за стврднување на лакот.

  1. Ладна вода

Ладната вода има ист ефект врз лакот како ладниот воздух. По лакирањето, потопете ги прстите во ладна вода или држете ги под млаз ладна вода најмалку една минута.

Забелешка: Некои експерти не препорачуваат сушење на лакот на овој начин бидејќи водата го поттикнува растот на габи. Исто така, водата ја зголемува шансата лакот побрзо да ги излупи вашите нокти.

  1. Препарати за брзо сушење

Покрај споменатите методи, постојат препарати кои се нанесуваат на свежо лакираните нокти и им помагаат да се исушат моментално. Покрај проѕирниот лак кој го суши претходниот слој, има и спрејови и масла кои брзо го сушат лакот. Побарајте такви препарати во аптеките.

Исто така, има и лакови во боја кои брзо се сушат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *