ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Никогаш не купувајте банани и јаболка со оваа етикета, еве зошто

18 ноември, 20220
706600_banana-scaled_f

Многу етикети за овошје имаат бројки на нив, особено кога се работи за увезена храна, дали знаете што тие всушност значат?

Покрај можното име на производителот, декларацијата треба да содржи и број кој открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето. Тие покажуваат важни податоци за овошјето и се нарекуваат „Број на изглед на производот“, а можат да ни дадат многу важни информации кога е во прашање нашето здравје.

Што значат овие бројки?

Налепници со четири броеви

Во случајот со ова овошје, кое има декларација со четири броеви кои почнуваат со бројот 3 или 4, тоа значи дека се одгледувало со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските правила кои важат во последните 50 години.

Налепници со пет броја

Ако овошјето нема четири броеви на него, туку пет – од кои првиот е број 9, тоа значи дека плодот е од органско потекло. Ваквата декларација гарантира дека плодот се одгледувал без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледаните банани го носат бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8

Ова е можеби најважната декларација и претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава по пет бројки, од кои првиот е секогаш бројот 8. Ваквите банани го имаат бројот 84011 на себе.

Еко декларација

За да може овошјето и зеленчукот да ја носат ознаката „еко“, мора да се исполнат и условите поврзани со процедурите за складирање и транспорт. Така, не смее да се прска со хемикалии, да се озрачува или да се подложува на какви било процеси кои вештачки го продолжуваат неговиот рок на траење и го одржуваат изгледот на свежина.

Разликата помеѓу „природното“ и „еко“

Постои разлика помеѓу еколошки и природни производи. Многу луѓе, сепак, не знаат дека се природни ако се необработени или само минимално обработени. Тие, за разлика од еколошките, немаат сертификати, ниту систематски се контролира нивното производство, а нема податоци ниту за употреба на конзерванси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi