Вака ја бркате СРЕЌАТА од дома: Верувањето вели дека никогаш не треба да ги позајмувате овие 3 предмети на други

19 август, 20220
Muskaracpoklon

Многу е подобро да подарите отколку да позајмувате

Според старото фенг шуи верување, предметите во куќата влијаат на енергијата која владее во тој простор, а со тоа и на луѓето кои живеат во неа.

Поддржувачите на оваа филозофија исто така веруваат дека предметите можат да привлечат лоша енергија и лоша среќа, отелотворени во кавги, немири, сиромаштија, недостаток на разбирање и љубов…

Затоа е потребно да се води сметка каде стојат предметите, дали добро се одржуваат и дали некој друг ги користи. Позајмувањето, иако е убава и пријателска активност, според оваа филозофија не е особено добро.

Речиси се подразбира две најдобри другарки да си разменуваат облека, т.е си ја позајмуваат една на друга, но поддржувачите на фенг шуи не го практикуваат тоа. Од друга страна, дарувањето облека е нешто што се препорачува, особено ако повеќе не се чувствувате удобно во некое парче.

Секако, се подразбира дека тоа парче облека треба да го измиете пред да го дадете некому, што е важно, како од хигиенски, така и од енергетски причини.

Облеката што планирате да ја подарите натопете ја во ладна вода во која сте раствориле грст сол. Оставете да делува половина час, а потоа измијте ја. Истиот процес се препорачува ако купувате користена облека.

Покрај облеката, исто така не се советува да ги позајмувате влечките на други, се верува дека тоа може да донесе проблеми на работа и блокада во вашата кариера. Доколку не сакате вашите гости да се шетаат низ станот со чевли или целосно боси, набавете неколку пара влечки кои ќе бидат наменети исклучиво за нив.

Конечно, фенг шуи вели дека не треба никому да позајмувате часовник. Се верува дека со враќањето на часовникот на вашата рака, ќе ја соберете и целата негативна енергија на личноста на која сте и го позајмиле часовникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit