Вака ќе знаете ДАЛИ некој е ДОБАР во КРЕВЕТ – Хемијата е важна на почетокот, но не е пресудна за односот

24 ноември, 20220
676

Она што некого го дефинира како добар љубовник или љубовница е повеќе прашање на вкус и што преферирате кога е сексот во прашање. На крајот на краиштата, хемијата е она што е многу важно за односот да биде што подобар.

Најчесто тоа нема врска со сексот, туку со самиот пристап и карактерот на личноста. За да биде добро во кревет, мора да се сретнат двајца луѓе кои формираат една целина кога станува збор за ова. Меѓу другото, за да се подобри односот со текот на времето, мора да бидат присутни и некои други фактори кои влијаат на квалитетот:

Подготвени сте одново да учите и да го применувате новото знаење.

Разиграни сте и страсни.

Партнерот се чувствува пожелно со вас.

Вие сте самоуверени и не се плашите дека ќе бидете повредени.

Имате авантуристички дух и подготвени сте за експериментирање.

Зборувате за вашите потреби и подготвени сте да ја слушнете и другата страна.

Имате време и не избрзувате со сексот.

Уживате да пружате задоволство исто колку и да го добивате.

Поддржувате и не осудувате.

Целосно сте присутни во тие моменти.

Техниката, добрата хигиена, карактерот и хемијата меѓу двајца луѓе се едни од поважните фактори, но сексуалната интимност која го прави сексот фантастичен е многу повеќе од тоа. Расте и се множи со добро, заедничко искуство, разговор и работа на врската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *