Ве мачат ПЛУСКАВЦИ на нозете? Овие трикови ќе ви помогнат да се ослободите од нив што е можно побрзо и побезболно.

20 септември, 20220
Zuljevi-na-nogama-2048x1297

Ако забележите знаци на инфекција, контактирајте го вашиот лекар

Кога купувате нов пар чевли, она што обично можете да го очекувате е дека ќе бидат болни првите неколку дена.

На плускавците им треба време да заздрават, а најлошото нешто што можете да направите е насилно да ги откинете.

Тие може да бидат болна и треба да ги преземете сите мерки кои ќе ви помогнат успешно да се ослободите од нив.

Плускавец кој не е пукнат

  1. Не го дупнувајте, измијте го темелно со сапун и дезинфицирајте го со антибиотска маст.
  2. Оставете го местото каде што е плускавецот непокриено, по можност ставете лабав завој и оставете да се исуши на воздух.
  3. Не притискајте го местото каде што се наоѓа плускавецот. Доколку е на стапалото или меѓу прстите, на места кои повеќе се потат, ставете малку бебешка пудра и силиконски влошки.

Пукнат плускавец

  1. Измијте го плускавецот со благ сапун и вода. Не користете алкохол, јод или водород пероксид.
  2. Нежно израмнете ја оштетената кожа и тапкајте ја да се залепи.
  3. Намачкајте го местото со антибиотска маст, и покријте го со стерилен завој или газа.

Плускавец што треба да се пукне

Понекогаш плускавците се многу болни, огромни или на место кое не може трајно да се заштити од контакт или пот, па тогаш треба да се исцедат. Ова е правилната процедура:

  1. Измијте ја областа каде што се наоѓа плускавецот.
  2. Стерилизирајте ја иглата со алкохол.
  3. Направете мала дупка на работ на плускавецот и нежно исцедете ја течноста.
  4. Повторно измијте го и исушете го. Не ја отстранувајте кожата од него, таа е природна заштита која сепак треба да го покрива.
  5. Нанесете антибиотска маст и покријте со газа или ханзапласт. Не стегајте, подобро е фластерот да биде лабав,

Понатамошна грижа

  1. Менувајте го фластерот или газата секој ден или веднаш доколку се намокри или извалка.
  2. Избегнувајте носење на чевли кои го предизвикале плускавецот додека тој не зарасне.
  3. Ако забележите знаци на инфекција, како што се гној, температура, црвенило или топла кожа околу плускавците, контактирајте го вашиот лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *