Вил Смит се враќа на глумата по шамарот на Оскарите: Познат е и заплетот на филмот во кој ќе се појави

23 септември, 20220
vil-smit-830x0

Вил, исто така, е во преговори да глуми во филм, што ќе ја одбележи неговата прва главна улога по инцидентот со шамарот на Оскарите.

Вил Смит ќе се врати на актерството со улога во новиот научно-фантастичен трилер „Brilliance“.

Дедлајн известува дека Шармин Обаид-Чиној ќе дебитира како режисер на наративно игран филм, а Смит ќе биде продуцент заедно со Акива Голдсман, кој исто така работеше на „Јас, Робот“ и „Јас сум легенда“ со актерот.

Вил е во преговори и да глуми во филм, кој би ја одбележал неговата прва главна улога по инцидентот со шамарот на Оскарите, но тоа допрва треба да биде потврдено.

Смит ќе го игра Ник Купер, херојот на истоимениот роман на Маркус Саки, кој е федерален агент кој работи за Одделот за анализа и реагирање.

– Трилогијата на романи „Брилијанс“ е сместена во иднината каде што не – невротипичните луѓе, кои општеството ги опишува како „извртени“ или „ненормални“, се закануваат да го загрозат статус квото на „нормалното“ население со своите уникатни дарови. Тие се официјално означени како „Брилијанти“ и се внимателно следени од владата, според описот на приказната до кој дојде „Deadline“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi