Внимавајте! Ламбата за нокти може да биде многу штетна

22 ноември, 20220
514504_manikir-1366661291_f

Го зголемува ризикот од рак на кожата, немеланомски рак на кожата, вели д-р Ешли Висонг, вонреден професор и претседател на катедрата за дерматологија на Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска. Тој предупредува и наведувајќи дека доколку од мали нозе сте изложени на УВ зраци со практикување на техниката гел-маникир, поради должината и континуитетот на практикување на оваа метода, ќе имате поголема доживотна изложеност и поголем ризик за рак на кожата во текот на вашиот живот.

Факт е дека оваа изложеност на УВ зраци не трае долго – само неколку минути за секоја рака, меѓутоа, според истражувачите, овие светилки испуштаат зраци четири пати посилни од сонцето. Управата за храна и лекови (ФДА) исто така ги препозна потенцијалните опасности, но сепак смета дека употребата на овие ламби за нокти е со низок ризик.

Нема значајни студии за точно кои се ризиците од маникирот со гел. Меѓутоа, во 2009 година, во списанието „JAMA Dermatology“, истражувачите документирале тврдења за рак на кожата на рацете на две жени без претходна лична или семејна историја на болеста, и двете ја користеле оваа техника за средување и разубавање на своите нокти.

Оваа постапка можете да ја направите побезбедна и да ги намалите ризиците на следниве начини:

– Користете крема за сончање. Заштитете ги рацете пред гел-маникир со крем за сончање со широк спектар (кој покрива и UVA и UVB светлина) со највисок можен заштитен фактор (од 30 до 50).

– Користете ракавици за заштита од сонце без прсти – исто како што може да се купи облека за заштита од УВ, достапни се и ракавици

– Доколку го правите тоа дома, направете соодветен избор на лак и следете ги упатствата поврзани со квалитетот на лакот и времето на сушење под УВ зраци

– Изберете салон со задоволителни хигиенски критериуми (чистота, стерилни инструменти, хигиена на работниците) за да се минимизира можноста за инфекција

– Избегнувајте гел маникир доколку имате слаби или кршливи нокти бидејќи овој метод ќе ги оштети и нив, а ако знаете дека сте чувствителни на УВ зраци. Исто така, ако земате некои антибиотици, ефектот на УВ зраците може да предизвика контраиндикации во форма на зголемена чувствителност на кожата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *