ВРТОГЛАВИЦА, ЗАМОР, СЛАБА КОСА И НОКТИ… Еве ШТО може да се случи доколку не внесувате доволно ПРОТЕИНИ!

23 ноември, 20220
504760_pexels-ron-lach-8487215_f

Нутриционистката Наташа Ѓукиќ откри дека недостатокот на протеини може да предизвика многу проблеми како што се вишокот масти околу стомакот, слаб имунитет, вртоглавица и многу други.

Сигурно веќе сте слушнале дека конзумирањето на оптимална количина на протеини е многу важно за нашиот организам.

Доколку не го направите ова, телото реагира со испраќање различни сигнали, поточно здравствени проблеми со кои треба да се соочите.

– Препорачана доза за протеини (RDA), минималната количина што ви е потребна за да бидете здрави, е 0,8 грама на килограм телесна тежина дневно. Ако не сме премногу физички активни, тоа е веројатно доволно – вели нутриционистката и додава:

– Доколку јадеме разновидна храна, т.е. консумираме месо или негови замени, риба, јаткасти плодови, грав, семки и млечни производи – големи се шансите да консумираме доволно протеини.

Ако сте физички активни, односно ако вежбате умерено четири или пет дена во неделата, до 40 минути, можеби ќе треба да консумирате од 1,2 до 2 грама протеини по килограм телесна тежина. Таа количина е најдобра за обнова на мускулното ткиво, особено ако тренирате со висок интензитет, покажуваат истражувањата – вели нутриционистката и открива дека следните симптоми се знак дека не внесувате доволно протеини:

– Замор, вртоглавица, слабост

– Губење на мускулна маса

– Слаба коса и нокти

– Чести повреди

– Вишок маснотии околу стомакот

– Желба за слатки

– Зголемен ризик од фрактури

– Слаб имунолошки систем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber