Големи планови: Најголемиот остров на Медитеранот можно е конечно да биде поврзан со копно

1 декември, 20220
62431603-sicilija

Изградбата на мост меѓу Сицилија и италијанското копно е планирана илјадници години, а како што пренесува порталот Timeout, сега конечно би можела да се реализира.

Идејата за мост што ќе ја поврзува Сицилија со копното на Италија постои веќе некое време. И кога велиме малку, буквално зборуваме за милениуми. Се вели дека Римјаните биле првите кои ја предложиле идејата пред илјадници години, сугерирајќи дека мостот од чамци и буриња би можел да биде начин за поврзување на италијанското копно со најголемиот остров.

Дури и по времето на Римјаните, мостот меѓу Италија и Сицилија бил предложен уште многу пати. За малку ќе се остварел во 2009 година, но тоа не се случи. Сега се чини дека мостот навистина може да биде изграден.

Континентална Италија и Сицилија ги дели Месинскиот теснец, кој го поврзува Јонското Море на југ со Тиренското Море на север. Во својата најтесна точка, теснецот е широк околу 3 километри, со пристанишниот град Месина на сицилијанската страна и калабрискиот град Вила Сан Џовани на копното.

Изградбата на мостот ја актуализираше новата италијанска премиерка Џорџија Мелони, која најави дека ќе побара помош од ЕУ за финансирање на проектот. Доколку се реализира, се очекува мостот да чини неколку милијарди евра, а кога ќе биде завршен ќе се протега на 3,5 километри.

Плановите сè уште се непотврдени, но ако мостот биде изграден, Сицилија би можела многу повеќе да се поврзе со континентална Италија, особено со воз. Дотогаш ќе треба да се пробивате меѓу двете страни на сегашниот начин – со авион и траект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *