ГО ПОДДРЖУВА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО Еве зошто е добро да се јаде путер од кикирики

21 ноември, 20220
616636_shutterstock-1417429577_f

Путерот од кикирики содржи протеини, влакна, здрави масти, калиум, антиоксиданси, магнезиум и други хранливи материи

Можеме ли да јадеме путер од кикирики без грижа? Секако – да, бидејќи има многу здрави хранливи материи кои се добри за нашето здравје.

  1. Тој е извор на протеини

Две лажици путер од кикирики се доволни ако сакате да останете здрави и да го јадете умерено. Овие две лажици имаат околу 7 грама протеини. Затоа овој путер е добар избор за појадок или за ужина. Како намирница богата со протеини, ако ја јадете ќе се чувствувате сити подолго време. Ако вежбате, оваа храна добро ќе ви дојде бидејќи протеините се вклучени во градењето на мускулите, а путерот од кикирики има многу од нив.

  1. Добро е за срцето

Путерот од кикирики го поддржува здравјето на срцето. Како и маслиновото масло, иако има многу заситени масни киселини, има и голем процент на незаситени масти кои се добри за срцето и неговата работа, се разбира доколку се јаде во нормални количини.

  1. Има повеќе калиум

Многумина од нас користат премногу натриум во исхраната, а натриумот може да биде многу лош за кардиоваскуларниот систем. Путерот од кикирики е одличен извор на калиум кој успешно ја намалува опасноста од натриум.

  1. Содржи здрави масти

Иако содржи малку повеќе масти, покрај заситените (како што веќе споменавме), има и поголем број на незаситени масни киселини. Тоа значи дека всушност е добар извор на „здрави масти“. На здравото тело му треба добро снабдување со здрави масти, а како маслиновото масло и авокадото, тој е нивен добар извор.

  1. Богат е со растителни влакна

Две лажици од овој вкусен путер не само што содржат многу протеини, туку содржат и 2 грама влакна. Адекватниот внес на влакна е важен за здравото функционирање на организмот. Иако добиваме влакна од другите оброци, нивниот внес можеме да го надополниме со путер од кикирики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *