ГО ШТИТАТ ЦРНИОТ ДРОБ, ГО ПОДОБРУВААТ ЗДРАВЈЕТО НА ЦРЕВАТА, ГО ЧУВААТ: Кајсиите се моќно овошје, но една група луѓе НЕ СМЕЕ да ги јаде!

23 јуни, 20220
kajsije

Почнува сезоната на кајсии, еве зошто треба да го јадете ова моќно овошје!

Лето е, сезона кога добиваме различни овошја, меѓу кои и кајсиите. Овие плодови се многу богати со хранливи материи, одлично делуваат на здравјето. Содржат многу малку калории, додека се полни со витамини и минерали, а плус е тоа што се добар извор на бета-каротен, лутеин и зеаксантин, кои се моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали во телото.

Најдобро е да ги јадете нелупени – се разбира добро измиени – бидејќи кората содржи добар дел влакна и хранливи материи.

Кајсиите содржат витамини А, Ц и Е, како и флавоноиди, група антиоксиданси кои штитат од болести, вклучувајќи дијабетес и срцеви заболувања.

Еве како ова овошје влијае на вашето здравје.

Го подобрува здравјето на очите

Кајсиите содржат многу состојки кои се важни за здравјето на очите, вклучувајќи ги витамините А и Е. Витаминот А игра клучна улога во спречувањето на ноќно слепило, нарушување предизвикано од недостаток на светлосни пигменти во окото, додека витаминот Е штити од оштетување од слободните радикали.

Го подобрува здравјето на кожата

Уживањето во кајсии добро ќе влијае на вашата кожа. Најчестите оштетувања на кожата и брчките се предизвикани од изложување на сонце, загадување и чад од тутун, а исхраната богата со антиоксиданси, кои ги има во изобилство во кајсиите, помага во ублажување на оваа штета.

Витаминот Ц, на пример, штити од УВ оштетувања и загадување на животната средина со неутрализирање на слободните радикали, а исто така го стимулира производството на колаген, кој е важен за еластичноста и цврстината на кожата.

Го подобруваат здравјето на цревата

Кајсиите содржат многу влакна, и растворливи и нерастворливи. Растворливите влакна се многу важни за одржување на здрави нивоа на шеќер и холестерол во крвта, а исто така ги хранат добрите бактерии во цревата.

Го штитат црниот дроб

Некои студии покажаа дека кајсиите го штитат црниот дроб од оксидативен стрес. За волја на вистината, беа спроведени студии на лабораториски глувци и се покажа дека оние на кои им давале кајсии имале пониски нивоа на ензими на црниот дроб и пониски маркери на воспаление.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi