Грижете се за вашето здравје: Три пијалоци кои го регулираат нивото на холестерол

22 ноември, 20220
642000_shutterstock-1898333755_f

Го држат под контрола

Вредностите на холестеролот треба да се следат во текот на животот, бидејќи поради високите нивоа, срцето трпи притисок и посилно пумпа, па поради дополнителна работа е во опасност предвремено да ослабне. Ова го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања, срцев удар, па дури и мозочен удар. За да избегнете такви состојби опасни по живот, најдобро е да правите редовни прегледи и да одржувате здрав начин на живот – вклучувајќи ја исхраната за да помогнете во контролата, па дури и да го намалите холестеролот.

Сокот од домати е богат извор на растителни влакна

Доматите се богати со ликопен, соединение кое може да го подобри нивото на липидите и да го намали нивото на ЛДЛ холестеролот. Сокот од домати е исто така богат извор на влакна за намалување на холестеролот и ниацин. Студија од 2015 година покажа дека 25 жени (на возраст од 20 до 30 години со БМИ од најмалку 20) кои пиеле 280 мл сок од домати дневно во текот на 2 месеци, доживеале намалување на нивото на холестерол во крвта.

Зелениот чај го намалува лошиот холестерол

Зелениот чај содржи катехини, епигалокатехин галат и други корисни антиоксидантни соединенија кои помагаат да се намали нивото на „лошиот“ ЛДЛ и вкупниот холестерол.

Во студија од 2015 година, научниците им дале на стаорци вода за пиење со катехини и епигалокатехин галат. По 56 дена, тие забележале дека нивото на вкупниот и ЛДЛ холестеролот се намалиле за околу 14,4 проценти и 30,4 проценти кај двете групи стаорци кои биле хранети со храна со висока содржина на холестерол.

Пијалоците од какао се богати со антиоксиданси

Какаото е богато со антиоксиданси наречени флаваноли (подгрупа на флавоноиди) кои се корисни за подобрување на нивото на холестерол. Какаото исто така содржи високо ниво на мононезаситени масни киселини кои помагаат во подобрување на нивото на холестерол. Какаото е главната состојка на темното чоколадо. Погрижете се пијалоците од какао што ги консумирате да не се полни со слатко чоколадо со додадена сол и маснотии. Студија од 2015 година покажа дека консумирањето на пијалок од 450 мг што содржи какао флаваноли два пати на ден во текот на еден месец го намалува нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол додека го зголемува нивото на „добриот“ ХДЛ холестерол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi