Дали ги ЏВАКАТЕ залаците барем 20 пати? Експертите велат дека тоа е многу важно, а еве и ЗОШТО!

25 ноември, 20220
zvakanje-2048x1365

Експертите истакнуваат дека е многу важно храната да ја џвакате доволен број пати за да немате проблеми со варењето.

Сепак, повеќето луѓе јадат „од нозе“ и брзо, и не ја џвакаат правилно, а со тоа внесуваат голема количина воздух.

Надуеноста на желудникот и варењето може да влијаат на менталното здравје и на општата благосостојба на телото. Многу истражувања покажаа дека влијанието на микробите во нашите црева може да има блиска врска со расположението, здравјето, имунитетот и тежината. Експертите советуваат дека треба да се следат некои основни правила за да се избегнат тие непријатни ситуации.

Џвакајте 20 пати

Варењето започнува во устата и во секој залак треба да се ужива, тврдат експертите и препорачуваат џвакање на залаците до 20 пати. Пребрзото јадење може да доведе до проблеми бидејќи телото нема време да ја свари храната.

Направете јога поза

Оваа јога поза нежно и стимулативно го притиска стомакот за да ја ослободи напнатоста. Легнете на грб, свиткајте се и прегрнете го едно по едно колено, притискајќи ги на градите. Дишете рамномерно и држете 5 до 10 вдишувања, а потоа нежно нишајте го телото од страна на страна. Потоа застанете исправено и опуштете се.

Јадете куркума

Нутриционистката Мелани Диксон за британски весник открива дека консумирањето куркума, која има антиинфламаторни својства, може да ги смири проблематичните црева и да ја ублажи надуеноста. Наједноставниот пијалок можете да го подготвите така што во мала шолја млеко ќе истурите една лажичка путер, една лажичка мелен ѓумбир и 1/4 лажичка куркума. Сето тоа измешајте го во блендер додека не стане мазно. Потоа се става во тенџере, се вари и се сервира топло. По желба можете да додадете мед.

Краставица како закуска

Малите кисели краставици чувајте ги во фрижидер бидејќи прават одлична ужина, а бидејќи содржат кверцетин, флавоноиден антиоксиданс, ќе ја намалат надуеноста и гасовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *