ДАЛИ ЗБОРУВАТЕ ВО СОН? Еве зошто се случува ова!

29 јуни, 20220
Screenshot_6

Сите сме имале по некоја тајна за која сме се запрашале дали може да ја издадеме зборувајќи за неа во сон, додека спиеме.

 

 

 

Сепак, истражувањата покажуваат дека нема причина да се грижиме, затоа што она што го зборуваме додека спиеме нема никаква врска со реалноста, туку со некои неповрзани зборови.

 

Иако стручното име за зборување во сон (somnolokviya), сугерира дека станува збор за „сериозна изложеност“, всушност, сè што ќе кажеме може да трае секунда или две.

 

Овој феномен се јавува во РЕМ фазата, односно кога ќе заспиеме, но не само тогаш. Се јавува кога устата и гласните жици се активираат, а би требало да мируваат.

 

Исто така, зборувањето во сон може да биде предизвикано од преминот од една фаза на спиење во друга, кога одеднаш ќе се „разбудите“. И во двата случаи, сè што може да се слушне се неколку збора, а честопати ова звучи како бесмислени фрази.

 

Иако секој може да зборува во сон, податоците сугерираат дека ова е почесто кај деца и мажи. Покрај тоа, како и со несоница или други нарушувања на спиењето, зборувањето може да биде предизвикано од стрес, депресија и сл.

 

Некои луѓе зборуваат секоја вечер, други еднаш неделно.

 

Експертите веруваат дека зборување во сон не бара медицинска нега, сепак, ако се случува премногу често и сакате помош, можете да ја побарате.

 

Како што е наведено погоре, вознемиреноста или стресот честопати се коренот на проблемот. Исто така, ако мислите дека зборувањето во сон ќе ви помогне да ги откриете тајните на вашиот партнер, мора да ве разочараме, бидејќи тоа нема да се случи.

 

Имено, зборовите што се изговараат не потекнуваат од свесниот дел од мозокот, така што тие не одговараат на реалноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi