Дали МЕДОТ има ПОМАЛКУ КАЛОРИИ од ШЕЌЕРОТ? Нутриционист разоткри 5 големи МИТОВИ за исхраната!

21 ноември, 20220
473413_med-limun_f

Нутриционистката Ивана Мишиќ зборува за погрешните верувања кои ги вклучуваат медот, јајцата, млекото, глутенот, како и протеините и мускулната маса…

Митови за исхраната, како оние дека глутенот не е добар, дека ако јадеме повеќе протеини ќе имаме повеќе мускули, дека медот е помалку калоричен од шеќерот, се најчестите митови кои преовладуваат во јавноста, а нутриционистката Ивана Мишиќ објаснува што е всушност вистина.

Мит број 1:

МЕДОТ ИМА ПОМАЛКУ КАЛОРИИ ОД ШЕЌЕРОТ

Медот е секогаш подобар избор од шеќерот, но поради неговата висока калорична вредност треба да се користи во мали количини.

За разлика од шеќерот, тој содржи витамини и антиоксиданси кои имаат здравствени придобивки, но како и со секоја висококалорична намирница, бидете умерени.

Мит број 2:

ЈАЈЦАТА ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВААТ ПОРАДИ КОЛИЧИНАТА НА ХОЛЕСТЕРОЛ

Пациентите со дијабетес и луѓето со покачен холестерол треба да консумираат храна природно богата со холестерол најмногу три пати неделно. За други, оваа намирница не е голема закана.

Кокошкините јајца се исклучителна храна. Не само што содржат идеален профил на протеини, туку и бројни минерали и витамини, како што се витамините А, Д, Б2, Б5, Б9 и Б12, селен и железо.

Мит број 3:

МЛЕКОТО НЕ Е ЗДРАВО ЗА ВОЗРАСНИ

Млекото содржи хранливи материи потребни и за децата и за возрасните, поради содржината на калциум, препорачливо е да се консумираат што повеќе млечни производи.

Мит број 4:

ГЛУТЕНОТ НЕ Е ДОБАР

Вистина е дека глутенот не им одговара на луѓето кои имаат целијакија или се алергични на него!

Сите други луѓе можат нормално да јадат глутен.

Глутенот се појавил со појавата на пченицата пред околу 10.000 години, некои луѓе развиле ензими за разградување на глутенот и тоа не им претставува проблем, додека на другите им пречи.

Не го исклучуваме од исхраната доколку нема потреба од тоа.

Мит број 5:

АКО ЈАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ПРОТЕИНИ ЌЕ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ МУСКУЛИ

Непотребно е да јадеме повеќе отколку што ни треба.

Телото зема онолку колку што му треба.

Вишокот се излачува или складира.

Со вежбање ги поттикнуваме мускулите да ги користат протеините што ги јадеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber