Дали сте знаеле? Одличната причина заради која Швеѓаните среда ја гледаат како ден за одмор

30 ноември, 20220
62427558-svedska

Швеѓаните навистина се држат до своите ритуали. Паузата за кафе, која се нарекува фика, обично е придружена со некакво слатко, како што се ролни со цимет и често служи за ресетирање од работа. И додека фика може да се практикува секој ден, среда е денот за „мала сабота“, односно журкање со пијачки за да се „преполови неделата“, односно чекањето за викенд побрзо поминува.

Во Шведска, lillördag или мала сабота е ден кога слугинките имале слободен ден бидејќи работеле во сабота, а во денешно време денот за одмор е заменет со ден на дружење со неколку пијачки.

Во четврток ги вадат тавите за палачинки и го чистат свинското месо од жили за чорбата од жолт грашок, кој тој ден често се наоѓа на дневните менија во рестораните. А во петок? Петок е ден на тортилја во Шведска во последните триесет години, пишува BBC.

Удобниот петок или fredagsmys е синоним за ритуалниот крај на работната недела на каучот со убав оброк. Ако тортиљите не се во игра, тоа може да биде плескавица или пица – главната работа е што ве исполнува со среќа, топлина и (најчесто) калории. Наместо доцна на работа во петок – или долги ноќни излегувања, крајот на работната недела се означува со серија или филм, можеби мрзлив собир со пријателите или семејството под ќебе.

BBC известува дека 98 отсто од Швеѓаните уживаат во петочниот ритуал барем еднаш месечно и претпочитаат фредагсми отколку одење во кино, театар, клубови, вежбање, готвење, па дури и секс. Експертите коментираат дека таквата навика е добра за ослободување од стресот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş